Достапни линкови

logo-print

Путин вели дека Москва и Пекинг се природни пријатели


Русија и Кина се природни партнери, пријатели и соседи, рече рускиот претседател Владимир Путин по средбата со кинескиот премиер Ли Кеџианг во Москва. Путин вели дека економските врски со Кина се подобруваат, уверувајќи дека билатералната трговија меѓу двете земји ќе достигне 100 милијарди долари следната година. Кинескиот премиер, пак, вели дека има „неисцрпна“ соработка меѓу Москва и Пекинг. Ден претходно претставници на двете земји потпишаа повеќе од 30 договори за соработка во разни области. Кина и Русија имаат блиски економски и дипломатски врски, а Пекинг се изјасни дека нема да зазема страна во спорот меѓу Русија и Западот за Украина.

XS
SM
MD
LG