Достапни линкови

logo-print

Басеску - Понта е поранешен шпион


Романскиот претседател во заминување Трајан Басеску тврди дека премиерот Виктор Понта, кој е еден од водечките кандидати за претседател на земјата, е поранешен шпион. Тој рече дека
Понта бил таен агент на романската разузнавачка служба во периодот 1997-2001, додека бил обвинител. Понта на обвинувањата одговори дека тоа се лаги. Басеску следниот месец се повлекува од претседателската функција по ослужување на два последователни петгодишни мандати.

XS
SM
MD
LG