Достапни линкови

Граѓаните не пребираат, бараат каква било работа


Саем за вработување во Македонија.

Саем за вработување во Македонија.

Граѓаните на Саемот за вработување во Скопје велат дека е многу тешко да се најде работа во Македонија. Најголем дел од нив со години безуспешно се обидуваат да се вработат, а некои веќе и загубиле надеж.

Каква било работа без разлика на нивните квалификации бараат македонските граѓани од најразлични возрасти на Саемот за вработување во Спортскиот центар Борис Трајковски. Од Агенцијата за вработување соопштија дека на саемот се присутни 86 компании од сите сектори во земјата, а очекуваат саемот да го посетат над 20 илјади граѓани.

Каква било работа зашто јас сум во години кога не можам да бирам. Имам деца на факултет и мислам дека во денешно време вака е најдобро, можеби ќе се најде некаква работа за нас постарите да речам, што имаме по 49-50 години. Многу е тешко затоа што бараат под 29 години.

Оние граѓани што ги сретнавме додека ги пополнуваа апликациите за да конкурираат во некоја од фирмите велат дека многу е тешко да се најде работа во Македонија. Најголем дел од нив со години безуспешно се обидуваат да се вработат, а некои веќе и загубиле надеж.

Саем за вработување.

Саем за вработување.

„Каква било работа зашто јас сум во години кога не можам да бирам. Имам деца на факултет и мислам дека во денешно време вака е најдобро, можеби ќе се најде некаква работа за нас постарите да речам, што имаме по 49-50 години. Многу е тешко затоа што бараат под 29 години.“

„Што би се нашло, битно нешто да се работи.“

Не можам конкретно да кажам колку слободни места има, но кај нас тоа секогаш е отворено и луѓето што аплицираат и ги поминуваат сите тие процеси за вработување имаат предност пред другите, значи тие што први се пријавени.

„Тешко е за тие што имаат над 40 години. Имам пуштено биографија на 100 места, не ми враќаат ни одговор, го гледаат датумот на раѓање и без разлика што имам искуство нема ништо. Дојдов да си ја пробам среќата, иако мислам дека на сите овие места имам пуштено работна биографија кога имало огласи, не се јавил никој“, велат анкетираните граѓани кои се надеваат на вработување.

Енис Емини од една од компаниите кои нудат работа на саемот вели дека во рекордно време биле поднесени 100 апликации, а имало заинтересираност од сите возрасни категории, при што најуспешните ќе добијат вработување.

„Не можам конкретно да кажам колку слободни места има, но кај нас тоа секогаш е отворено и луѓето што аплицираат и ги поминуваат сите тие процеси за вработување имаат предност пред другите, значи тие што први се пријавени“, вели Емини.

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски изрази надеж дека голем број на граѓани ќе се вработат во некоја од компаниите присутни на саемот. Но, тој не знаеше да каже колку работни места се слободни.

„Не можам да кажам, секоја компании е посебен случај, знаеме дека сите овие компании што се тука присутни имаат потреба од работна сила, затоа се присутни тука“, вели Поповски.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека со проектите од овој вид сакаат да извршат поврзување меѓу понудата и побарувачката на пазарот.

„Невработените лица и младите луѓе коишто бараат работа полесно и побрзо да стигнат до правилната и вистинската информација за слободните работни места, за потребната доквалификација, преквалификација, знаења коишто треба да ги поседуваат со цел побрзо и полесно да стигнат до работа“, вели Спасов.

Саеми за вработување ќе бидат организирани и низ другите градови низ Македонија.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG