Достапни линкови

Путин: отуѓувањето меѓу рускиот и украинскиот народ - трагедија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „главната трагедија“ во украинската криза е „отуѓувањето меѓу рускиот и украинскиот народ“. Тој ова го кажа денеска на состанокот на неговото советодавно тело за човекови права и граѓанско општество во Кремљ. Путин рече дека „е неопходно да се најде начин да се надмине оваа ситуација“. Многумина Украинци ја обвинуваат Русија и Путин лично за кризата и непријателството што се создава. Русија во март годинава го анкетираше Крим од Украина, а Киев и западните земји ја обвинија Москва дека испраќа војници и оружје во источна Украина за помош на проруските сепаратисти кои се борат против владините сили во конфликтот во кој досега загинаа повеќе од 3.660 луѓе. Русија негира вмешаност во конфликтот. Интензитетот на борбите се намали после прекинот на огнот од 5 септември, но оттогаш, за време на примирјето, загинаа 330 луѓе.

XS
SM
MD
LG