Достапни линкови

Никакви резултати од борбата против корупцијата


Американскиот амбасадор Пол Волерс рече дека лани Антикорупциската комисија истражила 228 случаи за борба против корупцијата, но само седум биле со судска завршница, што е, како што оцени, ништо.

Корупцијата е петти клучен проблем за граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските приходи и високите цени, се наведува во извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка во кој е опфатено и испитување на јавното мислење спроведено годинава. Во извештајот издаден во соработка со УСАИД, пишува и дека симулацијата на пресметката на годишната цена за поткуп дадена од бизнисмените изнесува 64 милиони евра односно 0.85 отсто од годишниот БДП на Македонија според податоците од 2012 година.

Не е тајна дека Македонија се бори со корупцијата. Постојат бизнис договори, непотизам, селективно правосудство, политичко влијание што го јадат напредокот на Македонија што започна во 1991 година.

Емина Нурединоска од МЦМС вели дека истражувањето покажало и дека голем дел од граѓаните, односно 63 отсто, сметаат дека државните службеници се корумпирани.

„Врз основа на перцепцијата, цариниците и судиите се први професии што се перцепирани како најкорумпирани, меѓутоа не се тоа и кога станува збор за директна вклученост во корупција. Тоа се пред сè лекарите, потоа општинските службеници итн.“, вели Нурединоска.

Врз основа на перцепцијата, цариниците и судиите се први професии што се перцепирани како најкорумпирани, меѓутоа не се тоа и кога станува збор за директна вклученост во корупција. Тоа се пред сè лекарите, потоа општинските службеници итн.

Американскиот амбасадор Пол Волерс, на денешната презентација на извештајот, рече дека лани Антикорупциската комисија истражила 228 случаи за борба против корупцијата, но само седум биле со судска завршница, што е, како што оцени, ништо. Колкумина во суштина беа осудени, седуммина беа обвинети, но колку беа осудени, нула, тоа значи дека корупцијата во Македонија е еднаква на нула. Не е смешно, повеќе би рекол дека е тажно, рече меѓу другото Волерс.

„Не е тајна дека Македонија се бори со корупцијата. Постојат бизнис договори, непотизам, селективно правосудство, политичко влијание што го јадат напредокот на Македонија што започна во 1991 година. Привлекувањето странски директни инвестиции, партнерството со Владата, подобрување на инфраструктурата, сите овие големи постигнувања за Македонија се намалуваат поради ефектите на корупцијата“, рече Волерс.

Политиката на нулта толеранција кон корупцијата и криминалот сè уште се на врвот од програмата по којашто постапуваме.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски, цитирајќи извештаи од меѓународни организации за други земји во регионот, истакна дека корупцијата секаде била проблем.

„Политиката на нулта толеранција кон корупцијата и криминалот сè уште се на врвот од програмата по којашто постапуваме. Само во изминатите две недели јавноста беше сведок на процесуирање на коруптивни кривични дела против судии, доктори и полициски службеници. Изминатиов месец беше потврдена и пресудата со која на казна затвор беше осуден и поранешен премиер“, рече Котевски.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Ѓорги Сламков, пак, ги објаснуваше нивните надлежности, нагласувајќи дека тие делуваат од превентивен карактер, се пожали дека им недостасуваат капацитети и најави дека работат на формирање на регистар на функционери, чие непостоење беше забележано како негативно во извештаите на меѓународните организации

Во истражувањето меѓу другото се наведува и дека околу 74 отсто од граѓаните сметаат дека судиите се корумпирани, а 61 истото го мислат и за јавните обвинители.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG