Достапни линкови

Сириските Курди не добиле помош од ирачките


Владата во курдскиот регион во Ирак соопшти дека им обезбедиле поддршка на сириските курди кои се борат против милитантите на Исламската држава. Но сириските Курди кои го бранат Кобани велат дека се уште не добиле помош во оружје и муниција. Портпаролот на сириските Курди вели дека пратката е „симболична“ и заглавила во провинцијата Ал Џезира во североисточна Сирија. Во пратката има муниција за лесно оружје и гранати.

Тој рече дека Турција нема да отвори транзитен коридор за испораки во Кобани. Во меѓувреме францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика сите земји да се вклучат во вооружување на оние кои се борат против милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG