Достапни линкови

Корупцијата е петти најголем проблем на граѓаните



Во Македонија корупцијата е на петто место како проблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени. Во извештајот за проценка на корупцијата се нотира дека граѓаните препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите. Извештајот е подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

Споредбено со 2001 година кога е направено слично истражување пред корупцијата се нашле и политичката нестабилност и меѓуетничките односи.

XS
SM
MD
LG