Достапни линкови

Казахстан го потпиша договорот за Евроазиска економска унија


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го потпиша законот за ратификација на договорот за создавање на Евроазиска економска унија, соопштија денеска од неговиот кабинет. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го потпиша законот минатата недела, а рускиот претседател Владимир Путин тоа го направи на 3 октомври. Според договорот, Унијата ќе започне да функционира на 1 јануари 2015 година.
Новата унија се базира на веќе постоечката Царинска унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан.

Москва, која се соочува со западни санкции поради кризата во Украина, им врши притисок на поранешните советски републики да се приклучат на Унијата. И ерменскиот претседател потпиша договор дека ќе се приклучи кон економската унија, а претседателот на Киргистан се надева дека тие ќе се приклучат до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG