Достапни линкови

До крајот на месецот првите решенија за отпис на долгови


Првите решенија за еднократен отпис на долгови се очекува кон крајот на месецов, во последната недела од октомври, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој вели дека заклучно со вчера се поднесени 41.817 барања за отпис на долговите.

„Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите“, вели Спасов.

XS
SM
MD
LG