Достапни линкови

Шиитската милиција неказнета за убиствата во Ирак


Амнести интернешнл во најновниот извештај вели дека шиитската милиција во Ирак киднапирала и убивала сунитски муслимани изминатите месеци и притоа останале неказнети за извршувањето на овие воени злосторства. Извештајот објавен денеска со наслов „Апсолутна неказнивост: Милицијата владее во Ирак“, се базира на истражувања спроведени во август и во септември. Организацијата ги нотира нападите извршени од страна на милицијата во Багдад, Самара, Киркук. Според извештајот многу од телата што биле најдени биле врзани со лисици, имале прострелни рани во главата, што укажува на нивниот стил на убиство. Од Амнести интернешнл велат дека е очигледно дека убиствата се одмазда за нападите од страна на милитантите на Исламската држава. Според нив моќните шиитски милиции се поддржувани и вооружани од владата на Ирак.

XS
SM
MD
LG