Достапни линкови

Хамнеи - САД и Британија ја создадоа ИД


Врховниот лидер на Иран ги обвини САД и Велика Британија дека тие ја создале милитантната група Исламска држава, за поделби на сунитските и шиитските муслимани. Ајатолахот Али Хамнеи вчера изјави дека Вашингтон и владата на Велика Британија ги создале Исламската држава и Ал-Каеда за да создадат проблеми и поделби и да се борат против Иран, но потоа милитантните групи се свртеле против нив. Ова е негова прва реакција за операцијата против милитантите откако коалиционите сили ги стартуваа воздушните операции. За нив Хамнеи вели дека не се вистински.

XS
SM
MD
LG