Достапни линкови

Степан Полторак нов министер за одбрана на Украина


Степан Полторак.

Степан Полторак.

Украинскиот парламент го изгласа Степан Полторак за нов министер за одбрана. Досегашниот шеф на Националната гарда, е изборот на претседателот Петро Порошенко за нов министер. За него во Парламентот гласаа 245 луѓе, а еден беше против. Полторак доаѓа на местото на Валериј Хелетеј, кој беше критикуван за водењето на армијата во борбата против проруските сепаратисти во источниот дел од земјата. Тој си даде оставка на 12 октомври, по само три месеци на служба. Порошенко вчера, кандидирајќи го Полторак за нов министер, рече дека тој е професионалец и патриот, кој за кратко време ја претворил националната гарда во јака борбена сила.

XS
SM
MD
LG