Достапни линкови

Турски авиони бомбардирале курдски борци


Турски воени авиони нападнале цели на курдските борци во Југоисточна Турција на 12 октомври, јавија турските медиуми. Ова е првата значајна воздушна операција против бунтовниците од почетокот на мировниот процес пред две години, пишува денеска весникот „Хуриет“. Од турската Армија преку изјава велат само дека вооружените сили одговориле „на најстрог начин“ на гранатирањата од страна на курдските бунтовници.

Курдите во Турција изминатата недела протестираа во неколку градови поради неучеството на Турција во акциите против милитантите на Исламската джрава, кои го држат под опсада градот Кобани на сириско-турската граница. Битките во Кобани принудија илјадници Курди да пребегаат во Турција.

XS
SM
MD
LG