Достапни линкови

logo-print

Израел - со признавањето на Палестина се поткопува мировниот процес


Израел соопшти дека потегот на симболично гласање од страна на британскиот парламент за признавање на палестинска држава се заканува да го поткопа блискоисточниот мировен процес. Од израелското Министерство за надворешни работи соопштија дека предвременото меѓународно признавање испраќа вознемирувачки пораки до палестинското раководство дека тие може да избегнат од тешкиот избор кој мора да го направат двете страни и со тоа ќе се поткопаат шансите за вистински мир.

Во одделна изјава, пак, од израелската амбасада во Велика Британија, велат дека патот до палестинска држава, поминува низ соба со преговори.
Парламентот на Велика Британија вчера ја призна палестинска држава, но одлуката не е обврзувачка за владата. Од палестинската ослободителна организација велат дека гласањето во британскиот парламент е принципиелна одлука и претставува значаен чекор кон правдата и мирот.

XS
SM
MD
LG