Достапни линкови

Ел Салвадор, силен земјотрес и цунами тревога


илустрација

илустрација

Центарот за предупредување од цунами на Пацификот издаде предупредување од можни опасни цунами бранови откако брегот на Ел Салвадор денеска беше погоден од земјотрес со сила од 7,4 степени. Се наведува дека во опасност од цунами биле бреговите на Никарагва, Хондурас и Ел Салвадор. Властите на Ел Салвадор немаат извештаи за жртви или поголеми штети од земјотресот чиј епицентар бил на стотина километри југоисточно од градот Усулутан. Овој град беше разурнат за време на земјотресот што го погоди во февруари 2001 година.

XS
SM
MD
LG