Достапни линкови

Милитаните на Исламската држава напредуваат


Кобани

Кобани

Милитаните на Исламската држава освоиле воена база во ирачката западна провинција Анбар и се зацврстувале околу сирискиот град Кобани на границата со Турција. Ирачките власти соопштија дека џихадистите откако ги заплениле возилата и тенковите ја запалиле базата која претходно ја напуштиле ирачките војници. До освојувањето на базата дојде и покрај американските воздушни напади. Според аналитичарите, освојувањето на Анбар ќе им овозможи на милитантите да почнат офанзива за Багдад. Во меѓувреме, џихадистите воделе и жестоки борби со курдските сили во Кобани.

XS
SM
MD
LG