Достапни линкови

Рохани: можен договор за иранската нуклеарна програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран и светските сили се уште можат да постигнат договор за нуклеарната програма на неговата земја пред крајниот рок, 24 идниот месец. Во телевизиското обраќање Рохани изјави дека Иран има политичка волја да постигне договор со шесте светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија, и покрај значајните разлики што се појавија за време на преговорите. Тие се во ќорсокак поради несогласувањата околу големината на иранската програма за збогатување ураниум. Западните земји бараат Иран да го намали производството на збогатен ураниум.

XS
SM
MD
LG