Достапни линкови

Севернокорејскиот лидер се појавил во јавност


Севернокорејскиот весник „Рондонг Синмун“ денеска објави повеќе фотографии на лидерот Ким Џонг Ун потпрен на бастун. Тоа е прво негово појавување во јавноста во изминатве над 40 дена. На снимките 31 годишниот Ким Џонг Ун е во придружба на неговите помошници во прошетка во еден новоизграден станбен комплекс. Тој не беше виден во јавноста од 3 септември, а неговото отсуство на прославите на 69 годишнината од формирањето на Комунистичката партија ги зголеми гласините дека во Северна Кореа бил во тек државен удар. Според некои извори во Пјонгјанг тој си ја повредил ногата за време на една воена вежба.

XS
SM
MD
LG