Достапни линкови

Времето до крајот на неделава


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 14, а дневната од 23 до 26 степени. Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне со појава на слаба магла, а во текот на денов сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се сушти до 10, а дневната ќе се искачи до 24 степени. Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време со претпладневна магла по одделни котлини. Кон крајот на работната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за пет до шест степени и ќе се движи од 19 до 22 степени.

XS
SM
MD
LG