Достапни линкови

logo-print

Курц: БиХ ќе може во ЕУ само со сегашните граници


Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, денеска ги поздрави мирните избори во БиХ, кои, како што оцени, минале без никави инциденти и изрази надеж дека што поскоро ќе дојде до формирање на нова влада, која ќе го надмине застојот во спроведувањето на реформите.

Курц нагласи и дека БиХ ќе може да се зачлени во ЕУ само во сегашните граници.

Според него, Австрија и натаму е подготвена да ја поддржи БиХ на патот кон ЕУ, но тоа ќе биде можно само кога земјата ќе ги исполни своите задачи.

XS
SM
MD
LG