Достапни линкови

logo-print

Застој на Деве Баир поради протест од бугарска страна


На граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, на македонско -бугарската граница, денеска имаше едночасовен застој за влез на возила во Македонија, поради блокадата што ја организираа општина Ќустендил и граѓаните, во знак на протест заради добиен пратенички мандат на кандидатот од партијата на Турците, Движење за права и слободи.

Тие протестираа затоа што кандидатот на ДПС, Александар Методиев, познат како Бат Сали, само со 864 гласа освоил пратенички мандат за новото Народно собрание, наспроти огромното мнозинство гласови за другите политички партии од Бугарија, што се добиени на предвремените парламентарни избори од 5 октомври.

Оваа партија одлучила да ги собере своите гласови од повеќе региони, како и од иселениците од странство, и да ги концентрира во Ќустендилската област. Иако, тоа е согласно Изборниот законик, сепак, според незадоволните граѓани од Ќустендил, не ја одразува вистинската волја и изборот на граѓаните.

XS
SM
MD
LG