Достапни линкови

logo-print

Изетбеговиќ, Човиќ и Иваниќ - членови на Претседателството на БиХ


Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ се нови членови на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот, хрватскиот и српскиот народ, покажаа прелиминарните и неофицијални резултати на босанската Централна изборна комисија.

Изетбеговиќ освоил 32,74 отсто од гласовите, Човиќ 51,52 процента, а Иваниќ 48,31 отсто.

Најновите резултати на ЦИК покажуваат и дека актуелниот претседател на Република Српска, Милорад Додик останува на истата функција и во следниот мандат.

Потпретседател на РС повторно е Рамиз Салкиќ од коалицијата Татковина.

XS
SM
MD
LG