Достапни линкови

Авганистан - во заседа загинале 22 војници


Најмалку 22 авганистански војници и полицајци загинале кога Талибанците начекале во заседа конвој на авганистанските безбедносни сили. Нападот се случил во северната провинција Сер-е-Пол. Во нападот се повредени уште осум војници, а Талибанците зеле седум војници како заложници. Авганистанските власти велат дека во нападот 12 армиски и полициски возила целосно биле уништени.

XS
SM
MD
LG