Достапни линкови

Јагланд - Изборите во БиХ во согласност со стандардите


„Се чини оти изборите во Босна и Херцеговина биле спроведени во согласност со техничките стандарди за слободни и фер избори“, оцени денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд. Тој рече дека Советот на Европа го поддржува унапредувањето на состојбата во земјата.

Јагланд, меѓутоа, предупреди дека на значителен број граѓани на БиХ повторно им било одземено правото да се кандидираат за највисоките државни функции, затоа што им припаѓаат на „погрешни“ етнички групи, се наведува во соопштението од Стразбур.

Генералниот секретар на СЕ смета дека новоизбраните тела ќе се соочат со колосален предизвик да направат пресврт во сегашната економска ситуација и да ја унапредат состојбата во општеството.

XS
SM
MD
LG