Достапни линкови

logo-print

Големо количество експлозив запленето во Турција


Турската полиција е во состојба на зголемена готовност откако откри и конфискува поголемо количество експлозив во југоисточната провинција Газиантеп, јавуваат турските медиуми. Во операцијата се конфискувание 150 килограми експлозив Ц4, 20 појаси со експлозив и голем број пиштоли и куршуми. Медиумите објавија дека со толкаво количество на експлозив може да се разурне град со средна големина.Полицијата се уште испитува дали експлозивот и оружјето и припаѓа на Исламска држава. Нивото на тревога е подигнато на црвено ниво во повеќе градови во Турција, меѓу кои и во Истанбул и во Анкара.

XS
SM
MD
LG