Достапни линкови

logo-print

Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија


Францускиот економист Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија. Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека Тирол бил награден за „неговите анализи за моќта на пазарот и регулацијата“. Академијата соопшти дека економистот „разјаснил како да се разберат и регулираат индустриите со неколку моќни фирми“. Жирито оцени дека Тирол е „еден од највлијателни економисти на нашето време“. Тој е втор Французин што добива Нобелова награда оваа година. Патрик Модијано ја доби Нобеловата награда за литература. Нобеловата награда за мир, пак, ја добија пакистанската тинејџерска активистка за образование на девојчињата, Малала Јусафзаи, и индискиот активист за права на децата, Каилаш Сариарти.

XS
SM
MD
LG