Достапни линкови

Лажно предупредување за бомба на аеродромот во Тирана


Лажно било предупредувањето за поставена бомба на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, констатирале од полицијата и експерти од таа област. Торбата која била оставена во еден од тоалетите на аеродромот била на кинески државјанин и во неа имало неопасни електрични апарати.

Состојбата на аеродромот се нормализира.

Утрово по алармот за поставена бомба персоналот и патниците биле евакуирани, а големи полициски сили вршеле контрола на целата територија на аеродромот.

XS
SM
MD
LG