Достапни линкови

logo-print

Во НАТО напади во Авганистан, убиени цивили или милитанти?


Во воздушен напад од страна на НАТО во Авганистан, се убиени седум цивили, тврдат авганистански претставници. Меѓу нив има и едно деветгодишно дете, велат тие. Но од Aлијaнсата тврдат дека во напaдите се убиени осум милитанти кои отвориле оган врз силите на НАТО.

Цивилните жртви од воздушните напади на НАТО остануваат горливо прашање и покрај тоа што според статистиката на ОН, бројот на загинатите остро опадна во последните години. Властите во провинцијата каде се случил нападот започнале истрага и според нив убиените се селани кои собирале дрва за огрев на планините. Но од Алијансата велат дека извршиле напад откако било пукано кон нив, а како резултат на тоа биле убиени осум непријатели.

XS
SM
MD
LG