Достапни линкови

Руски воени бродови пристигнаа во Иран


Флота руски воени бродови денеска пристигна во каспиското пристаниште Ензали во Иран. Руските воени бродови „Дагестан“ и „Град Свиажск“ биле пречекани од локални ирански функционери и рускиот амбасадор во Техеран Леван Џагариан. Бродовите од руската Касписка флота дојдоа во Иран по одржувањето заеднички воени вежби со два казахстански воени бродови минатата недела. По посетата на Ензали, руските бродови ќе се упатат кон главниот град на Азербејџан, Баку. Руските воени бродови ги посетуваат пристаништата на три касписки држави како дел од 20-дневната програма за развој на меѓународната соработка меѓу државите што излегуваат на Каспиското Море. Не е познато зошто овие бродови не го посетија Туркменистан, кој исто така, покрај овие други земји, излегува на Каспиското Море. Минатата недела, лидерите на касписките држави, Азербејџан, Иран, Казахстан, Русија и Туркменистан, се сретнаа во рускиот град Астрахан и се согласија да спречат странски војски да стекнат влијание во Каспиското Море.

XS
SM
MD
LG