Достапни линкови

Захарченко и официјално кандидиран за изборите во Доњецк


Александар Захарченко и официјално е регистриран како кандидат за изборите планирани за т.н. Народна Република Доњецк. Од Изборната комисија во регионот Доњецк соопштија дека Захарченко добил дозвола да се кандидира на изборите кои се закажани за следниот месец. Тој е првиот кандидат кој ги предаде сите потребни документи за кандидатура и неговото име ќе биде прво на гласачките ливичиња. Се уште не се знае кои други кандидати ќе учествуваат на изборите. Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека секои локални избори одржани во Украина мора да се спроведуваат во согласност со украинските закони.

XS
SM
MD
LG