Достапни линкови

Тимошенко избрка стотици сопартијци поради лустрацијата


Партијата на Јулија Тимошенко избриша стотици свои членови, како дел од кампањата за лустрација во земјата. Јулија Тимошенко, изјави дека 1518 членови од нејзината партија биле протерани по откритијата за „нечесни“ активности. Според Тимошенко, проверките во рамки на законот за лустрација откриле дека некои нејзини сопартијци во парламентот, како и претставници во локалната власт, нечесно гласале закони за државно земјиште и буџетот на земјата во последните две години. Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша законот за лустрација на 9 октомври.

Според законот, се опфатени до еден милион државни службеници, вклучувајќи и министри во владата, кои не работеле на искоренување на корупцијата во земјата или учествувале во корумптивни зделки за време на претходниот претседател Виктор Јанукович.

XS
SM
MD
LG