Достапни линкови

logo-print

Москва - Психијатриски испитувања за украинскиот пилот


Украинскиот пилот Надија Савченко, која е во притвор во Москава, е сместена во медицинска установа за да и се направат психијатриски испитувања, соопштија руските власти. Портпаролот на истражниот комитет вели дека психијатриските прегледи се стандардна процедура во случаи кога едно лице е обвинето за сериозни злосторства и како резултат на тоа се соочува со строги казни.

Савченко е обвинета за соучество во убиството на двајца руски новинари, кои загинаа додека ги покриваа настаните во источна Украина. Савченко ги негира обвиненијата.

XS
SM
MD
LG