Достапни линкови

Граѓаните од Ќустендил на протести поради изборите


Меѓународниот пат од Бугарија кон Македонија, поточно делницата од Ќустендил кон бугарскиот граничен премин Ѓуешево, денеска претпладне ќе биде блокиран, поради масовен протест на граѓаните од Ќустендил. Тие на овој начин го изразуваат своето незадоволство од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, одржани на 5 октомври, според кои партијата на Турците-Движење за права и слобода (ДПС) освои мандат во Ќустендилската област за 43-то Народно собрание на Бугарија.

Граѓаните од Ќустендилската област остро реагираат на, како што велат, „замената на гласови“ и неправичната методологија на обработка на гласовите.

XS
SM
MD
LG