Достапни линкови

Одблокирани веб страниците во Таџикистан


Многу од блокираните веб сајтови во Таџикистан се одблокирани. Денеска Фејсбук, Википедија, популарни руски социјални мрежи се достапни во земјата. Исто така функционира и мобилната мрежа и луѓето можат да си праќаат пораки. Стотици интернет страници беа блокирани откако лидерот на организацијата „Група 24“ преку социјалните мрежи повика на протести во Душанбе на 10 откомври. Од 5 септември беа блокирани страниците, а подоцна луѓето не можеа ниту да праќаат пораки. Но протестот не се случи. Врховниот Суд во Таџикистан дури и ја забрани организацијата Група 24 прогласувајќи ја за екстремистичка. А потоа соопштија дека ќе ги амнестираат нејзините членови кои ќе се откажат од групата.

XS
SM
MD
LG