Достапни линкови

Поранешниот „народен гувернер“ на Доњецк во болница


Павел Губарев.

Павел Губарев.

Поранешниот т.н. „народен гувернер“ на сепаратистичкиот регион Доњецк во источна Украина е во болница, откако претрпел сериозни повреди. Руските новински агенции велат дека непознати напаѓачи отвориле оган врз возилото на Павел Губарев. Тој изгубил контрола, скршнал од патот и удрил во дрво. Губарев бил пронајден во несвест и однесен во болница, од каде велат дека е во критична состојба. Но сопругата на Губарев, вели дека нејзиниот сопруг не бил погоден од куршуми, туку неговите повреди се од сударот.

XS
SM
MD
LG