Достапни линкови

Ево Моралес реизбран за претседател на Боливија


Претседателот на Боливија Ево Моралес

Претседателот на Боливија Ево Моралес

Претседателот на Боливија Ево Моралес победи уште во првиот круг од претседатлските избори со големо мнозинство гласови. Според првичните резултати, тој добил над 60 насто од гласовите и води пред неговиот ривал Самуел Дорија Медина. Ова ќе биде трет петгодишен мандат за Моралес, додека неговата партија Социјалистичко движење, според резултатите добила 111 од 130 места во Долниот и 25 од 36 места во Горниот дом на парламентот. Моралес е првиот индијанец кој стана шеф на државата. Протвниците му забележуваат дека недоволно направил за справување со корупцијата и криминалот во земјата.

XS
SM
MD
LG