Достапни линкови

logo-print

Кери: Ирак ќе мора да се бори против милитантите на ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека на крајот ирачаните се тие што ќе мора да се борат против милитантите на Исламската држава кои напредуваат во Ирак. Вчера Ирак беше погоден од серија бомбашки напади во западниот и северниот дел,како и Багдад при што загинаа најмалку 67 луѓе. Кери исто така изјави дека Вашингтон бил длабоко загрижен за, како што рече, трагедијата во опколениот сириски град Кобани. Според него, ќе треба извесно време додека сојузниците целосно не се здружат во борбата против милитантите. Обединетите нации предупредија на можен масакар во Кобани, доколку милитаните го освојат градот.

XS
SM
MD
LG