Достапни линкови

Здравствен работник во САД заразен од ебола и покрај заштитната опрема


Еден здравствен работник во болницата во Тексас, каде што минатата недела еден човек почина од ебола, се покажа позитивен на тестирањето на смртоносниот вирус и покрај тоа што носел заштитна опрема. Здравствените власти во Тексас денеска соопштија дека човекот имал треска и оти пред два дена е ставен во изолација до Далас. Треба да се направи уште еден тест за да се потврди неговата дијагноза. Тоа е првиот човек во САД заразен со ебола кој не ја посетил Западна Африка. Повеќе од 4 илјади луѓе умреа од ебола во последните месеци, повеќето од нив во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Американските власти им наредија на петте главни аеродроми да започнат скрининг на патниците што пристигнуваат од овие земји.

XS
SM
MD
LG