Достапни линкови

logo-print

Шариф нема да присуствува на доделувањето на Нобелобата награда


Малала Јусафзаи.

Малала Јусафзаи.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф веројатно нема да присуствува на церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир, која годинава им е доделена на младата пакистанска активистка Малала Јусафзаи и индискиот активист Каилаш Сатиарти. Тинејџерката Малала, која е активистка за правото за образование на децата, ги повика Шариф и индискиот премиер Нарендра Моди да присуствуваат на доделувањето на наградата на 10 декември во Осло. Сепак, еден од советниците на Шариф рече дека пакистанскиот премиер тогаш ќе биде во посета на Кина. Од Индија се уште нема одговор дали премиерот Моди ќе учествува на церемонијата.

XS
SM
MD
LG