Достапни линкови

Митинг на опозицијата во Азербејџан


Илјадници поддржувачи на опозицијата во Азербејџан денеска учествуваа на антивладиниот митинг во Баку, барајќи оставка од претседателот Илхам Алијев и прекин на репресијата врз граѓанските активисти и активистите за човекови права. Демонстрантите исто така бараат поблиска интеграција меѓу Баку и ЕУ и ослободување на политичките затвореници. Протестот беше оранизиран од Националниот совет на демократски сили – продемократско движење на азербејџанската обединета опозиција. Митингот беше одобрен од локалните власти под услов да се одржи на еден стадион на периферијата на Баку. Иако протестот беше мирен, организаторите се соочија со, како што велат, „јасни провокации од властите во обид да се дискредитира опозицијата“. Азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа објави дека неколкумина луѓе се обиделе да го развиорат црното знаме на милитантите од Исламската држава за време на настанот, но организаторите побарале од полицијата да ги отстрани од областа.

XS
SM
MD
LG