Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Ирак е погоден од серија бомбашки напади на северот и на западот на земјата, но и во главниот град Багдад. Во меѓувреме, продолжуваат борбите на владините сили со милитантите од Исламската држава. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека безбедносните сили целосно го контролираат Багдад и покрај нападите со автомобили бомби во шиитските делови на градот во кои од синоќа загинаа најмалку 38 луѓе. Во главното сунитско упориште, провинцијата Анбар, во бомбашки напад беше убиен тамошниот шеф на полицијата. Во меѓувреме, во три самоубиствени напади со автомобил бомба северно од Бакуба загинаа 22 луѓе.

XS
SM
MD
LG