Достапни линкови

Уапсени 30 фудбалски навивачи во Букурешт


Букурешт.

Букурешт.

Полицијата во Букурешт соопшти дека 30 Романци биле уапсени за време на вчерашниот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2016 меѓу Романија и Унгарија, откако домашните навивачи почнале да фрлаат со димни бомби и други пиротехнички средства. Полицијата употребила солзавец за да ги извлече унгарските навивачи од стадионот во Букурешт по натпреварот кој заврши нерешено 1-1. Околу 800 унгарски навивачи со полициска придружба беа испратени до нивните возови и автобуси. Унгарската химна беше исвиркана од романските навивачи пред почетокот на натпреварот. Околу стадионот имаше распоредено околу 12 илјади полицајци.

XS
SM
MD
LG