Достапни линкови

За Франција, Косово не ги почитува човековите права


Илустрација: Косовскиот парламент.

Илустрација: Косовскиот парламент.

Државниот совет на Франција го исклучи Косово од списокот на земји кои ги почитуваат човековите права. Во декември 2013 година, Косово заедно со Албанија и Грузија беше вклучено во списокот земји кои се сметаат за „надежни“ од гледна точка на почитувањето на човековите права, демократските стандарди и владеење на правото. Вчера, меѓутоа, Државниот совет на Франција констатира дека независно од „позитивните промени“, во Косово има, како политичка, така и социјална нестабилност. Според француски експерти, тоа ќе доведе до драстично зголемување на барањата за азил за Косовците во Франција.

XS
SM
MD
LG