Достапни линкови

Ирански полициски функционери загинаа во авионска несреќа


Седуммина луѓе, меѓу кои и високи полициски функционери, денеска загинале во авионска несреќа во југоисточен Иран, каде што оделе да истражат милитантни напади врз безбедносните сили. Авионот, што полетал од Техеран, требало да слета во Захедан, главен град на немирната провинција Систан-Балучистан, да го истражат нападот од 8 октомври во кој беа убиени петмина припадници на иранските безбедносни сили. Властите велат дека авионот не бил соборен. Во провинцијата Систан-Балучистан често има насилства во кои се вклучени сунитски екстремисти и шверцери на дрога. Таму живее голема муслиманска сунитска заедница, а Иран е доминантно шиитски.

XS
SM
MD
LG