Достапни линкови

Нови американски напади со беспилотно летало во Пакситан


Илустрација.

Илустрација.

Четворица осомничени милитанти наводно биле убиени, а десетици други повредени во американски напад со беспилотно летало во граничниот предел меѓу Авганистан и Пакистан. Претставници на пакистанското разузнавање велат дека денешниот напад очигледно бил насочен кон засолништата на милитантите во едно село од авганистанската страна на границата во провинцијата Нангарар. Околу 20 осомничени милитанти наводно биле убиени во слични напади со беспилотни летала во племенската област Северен Вазиристан во Пакистан во близина на границата со Авганистан меѓу 5 и 7 октомври. Пакистанската армија во јуни започна офанзива за чистење на Северен Вазиристан од пакистанските талибанци и други бунтовнички организации, користејќи воздушни напади, артилерија, но и копнени сили. Сепак, официјален Исламабад постојано протестира против американските напади со беспилотни летала, велејќи дека тоа е кршење на нивниот суверенитет и оти нападите се контрапродуктивни во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG