Достапни линкови

Засега нема одложување на Африканскиот куп на нации


Организаторите на Африканскиот куп на нации велат дека нема да се промени распоредот на фудбалските натпревари и покрај тоа што домаќинот Мароко повика да се одложи натпреварувањето поради еболата. Сепак Африканската фудбалска конфедерација денеска соопшти дека следниот месец ќе се сретнат со мароканските власти и ќе дискутираат за нивните барања. Во нивното соопштението се вели дека ги земаат предвид препораките на Светската здравствена организација и на други медицински експерти.

Мароканското Министерството за здравство поднесе барање до Африканската фудбалска конфедерација да го одложи натпреварувањето кое треба да започне на 17 јануари, каде што може да се вклучат и земји погодени од ебола. Повеќе од 3.400 починаа од вирусот, главно во земји од Западна Африка. Африканската фудбалска конфедерација веќе забрани меѓународни натпревари во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

XS
SM
MD
LG