Достапни линкови

Триесет и една жртва во протестите во Турција


Триесет и едно лице загина досега во немирите, кои избија за време на протестите во Турција изминатите денови против операциите на џихадистичката групација Исламска држава во сирискиот град Кобанi, кој е населен претежно со Курди, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала.

Министерот нагласи дека протести се организирани во 31 од вкупно 81 турски окрузи. Меѓу жртвите има двајца припадници на силите на редот, а ранети се вкупно 351 лице, од кои 221 се цивили.

Привремено во врска со немирите биле уапсени 1.024 лица, од кои 58 се задржани во притвор.

Нанесена е огромна материјална штета, односно опожарени или разурнати се 1.113 згради, а 1.177 автомобили се уништени.

Илјадници Курди излегоа на улиците оваа недела за да протестираат против, како што сметаат, одбивањето на Анкара да помогне во одбрана на градот Кобане, кој се наоѓа на границата меѓу Турција и Сирија и кој со недели е под опсада на борците од ИД.

XS
SM
MD
LG