Достапни линкови

Директорот на „Србијагас“ под истрага


Српското Обвинителство за организиран криминал започна истрага против генералниот директор на претпријатието „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, врз основа на анонимна кривична пријава со која е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Обвинителството му издало налог на српското Министерство за внатрешни работи да прибере информации и докази во врска со наводите од пријавата, со кои би се утврило дали постои основа за сомнеж за извршно кривично дело.

Бајатовиќ е потпретседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и претседател на Покраинскиот одбор на СПС за Војводина. Тој е генерален директор на „Србијагас“ од 2008 година.

XS
SM
MD
LG