Достапни линкови

Полицаец и војник загинаа во бомбашки напад во Авганистан


Лашкар Гах

Лашкар Гах

Во експлозија на бомба во јужен Авганистан, загинале еден војник и еден полицаец, а тројца други се повредени, соопштија локалните власти. Според нив бомбаш-самоубиец активирал експлозив на влезот на полициска станица во регионалниот главен град Лашкар Гах. Бомбашот бил облечен во полициска униформа. Ниту една група не ја презеде одговорноста, но Талибанците ги засилија своите напади врз авганистанските безбедносни сили во последно време. На 7 октомври во бомбашки напад од страна на Талибанците, насочен кон поранешен шеф на полицијата во Лашкар Гах, загинаа пет лица.

XS
SM
MD
LG