Достапни линкови

logo-print

Ставрески и Богов задоволни од проценките на ММФ и Светска банка


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

И по оценките на ММФ и по оценките на Светска банка, македонската економија е оценета како најдобра во регионот со највисок раст и годинава и за следната година, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на редовните Годишни средби на ММФ и на СБ во Вашингтон, заедно со гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов. Тој вели дека оценките охрабруваат, бидејќи покажуваат дека политиките се добро поставени.

Според гувернерот Богов, најновите проекции и на ММФ и на СБ се многу слични на оние што и Народната банка ги има. Тој вели дека е добро да се види како останатите гледаат со нивните очи, односно надворешен поглед на нашите економски политики.

XS
SM
MD
LG